Според пишувањето на „Дејли Стар“ Атлетико Мадрид го понудил Диего Коста на Тотенхем.
Шпанскиот напаѓач влегува во последната година од договорот и Диего Симеоне сака да се ослободи од неговите услуги со адекватна оштета.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од друга страна Тотенхем е во потрага по напаѓач и на Жозе Мурињо добро би му дошло играч од типот на Коста кој може да ја зголеми агресивноста на тимот.
Коста и Мурињо веќе соработуваа во Челзи каде што заедно во 2015 година ја освоија Премиер лигата и Лига Купот.