Диего Коста дефинитивно е еден од најпргавите играчи во светот на фудбалот и поради тоа не чуди што противниците не го сакаат.
Поминаа четири години откако замина од Премиер лигата, но се уште го паметат во Англија каде што собра 120 настапи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бен Фостер, голманот на Вотфорд зборуваше за Коста кого го опиша како „одвратен мал стаорец“.
„Диего Коста е одвратен мал стаорец. Само мисли како да ве нервира. Не ве остава на мир, не можете да дишете ниту секунда. Сличен на него е Суарез. Тешко е да се игра против такви играчи, секогаш се спремни да ви направат нешто за да ве испровоцираат“, изјави Фостер.
Коста неколку пати во минатото признаваше дека неговиот стил на игра е таков што не бира средства за да му помогне на својот тим да дојде до победата.