Дома Останати Ракомет Дибиров се потсети на минатогодишното чудо: Се беше чисто и со љубов, игравме како деца!

Дибиров се потсети на минатогодишното чудо: Се беше чисто и со љубов, игравме како деца!

Вчера измина точно една година од втората европска круна на Вардар.

Тимот на црвено-црните кој од клупата беше предводен од Роберто Гарсија Парондо направи подвиг за паметење. Вардар во полуфиналето со луд пресврт ја победи Барселона, а потоа во финалето го доби и Веспрем.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Титулата на Вардар имаше уште поголемо значење поради сите проблеми кои беа во клубот, но ракометарите на Вардар покажаа дека кога се игра со срце ништо не е невозможно. Во интервју за „Балкан Хендбол“ Тимур Дибиров се потсети на тие моменти.

„Помина една година, тој ден никој од нас нема да го заборави. Не само поради победата, тоа беше ден во кој победи нашиот спорт. Сите заедно докажавме дека кога си на теренот ништо друго не е важно, други проблеми не постојат. Тој успех ме потсетува на детските денови, трениравме како деца, се беше чисто и со љубов. Со нас ја носевме таа детска желба еден ден да бидеш на врвот и да го кренеш трофејот“, изјави Дибиров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Билетите путшени во продажба: Вардар ги одредени цените за дербито со Алкалоид и натпреварот со Мелсунген

Од вчера се пуштени во продажба билетите за следните два натпревари на Вардар н адомашен т…