Вардар вчера одново ја израдува македонската спортска јавност со победата од 31:23 во четвртфиналето против ПИК Сегед во Лигата на шампионите.
Избраниците на Парондо со одлично второ полувреме, посебно со фантастичните последни 10 минути го прегазија Сегед и дојдоа на чекор од пласман на фајнл-фор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој триумф на Вардар беше посебен и затоа што е последен во Лигата на шампионите со ваков состав пред домашната публика.
Тимур Дибиров со фотографија на својот Инстаграм со еден збор го опиша овој тим на Вардар.
„Мангупи“, гласеше кратката порака на Дибиров.