Дома Фудбал Италија Дибала откри дека Јувентус му должи пари и спрема тужба

Дибала откри дека Јувентус му должи пари и спрема тужба

Пауло Дибала ова лето го напушти Јувентус како слободен агент и се пресели во Рома, но се уште има нерасчистени сметки со „старата дама“.

Имено, Аргентинецот откри дека Јувентус му должи повеќе од 3 милиони евра и има рок до април да ја исплати оваа сума во спротивно ќе добие тужба.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јувентус во текот на оваа сезона беше погоден од финансиски скандал во кој фудбалерите добивале пари „под маса“ со цел тие пари да не влезат во завршниот годишен извештај.

Дибала за тој договор сведочеше и на суд, а сега откри дека Јувентус му должи 3,7 милиони евра за плати од 2021 година.

„Јувентус ми должи 3,7 милиони евра за заостанати плати од 2021 година. Последниот рок им е април 2023 година, а доколку не ми бидат исплатени парите, тогаш адвокатите ќе го решаваат проблемот. Не сакав да одам преку Суд, но веќе немам избор“, истакна Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скандал во Лига Европа: Настапил фудбалер кој немал право, беше и еден од најважните во тимот – голем пропуст на УЕФА!

На натпреварот меѓу Лион и Утрехт на теренот играше фудбалер кој немаше дозвола и асистира…