Пауло Дибала се рехабилитираше од повредата токму пред стартот на Мундијалот и и помогна на Рома да избегне пораз на мечот против Торино.




Меѓутоа, Дибала по мечот истакна дека не е задоволен од позицијата на Рома на табелата во моментов.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Треба да преземаме поголем ризик понекогаш, без да мислиме премногу што може да се случи после тоа. Играме премногу позиционирано, а имаме неверојатни индивидуални квалитети, но потребна ни е поголема смелост. Треба да играме организирано и да создаваме заедно шанси, а не да чекаме некој од соиграчите да направи нешто сам“.




„Не сум задоволен од позицијата на табелата, сигурно сакавме да сме погоре, но се уште има време. Има уште многу натпревари и можеме да ги достигнеме целите“, изјави Дибала.