Дома Топ вести Дибала не е во форма, Реал спремен да понуди пари и играч – Ова е листата од која „старата дама“ може да избира?!

Дибала не е во форма, Реал спремен да понуди пари и играч – Ова е листата од која „старата дама“ може да избира?!

real

Реал Мадрид не се откажува од Паоло Дибала и за да го убеди Јувентус покрај пари е спремен да понуди и некој од своите фудбалери.

Според шпанските медиуми наводно е спремена и листа на фудбалери од која Италијанците мораат да бираат во случај да се согласат да го продадат Аргентинецот кој во овој момент е во лоша форма.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Зинедин Зидан го сака Еден Азар, во Реал сметаат дека тој е невозможна мисија, додека од друга страна поради моменталната форма „кралевите“ веруваат дека Јувентус би можел да го пушти Дибала.

Како што споменавме Реал спремил листа од која Италијанците можат да изберет еден или двајца фудбалери. Карим Бензема, Себалос, Диего Љоренте, Лукас Васкез и Лука Модриќ, наводно се фудбалерите од кои Јувентус ќе може да избира.

Но, според вчерашните информации Јуве од Реал го сака Матео Ковачиќ кога се обидуваа да го доведат и минатото лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

На натпреварот помеѓу Интер и Торино во Серија А се испиша историја

На денешниот натпревар помеѓу Интер и Торино кој започна со почеток во 12:30 часот беше ис…