Дома Трансфер зона Дибала во јануари се сели во Премиер лигата

Дибала во јануари се сели во Премиер лигата

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала е во трансфер списокот на Челзи, пренесува „Тутоспорт“.

Аргентинецот преговара со раководството на „бјанконерите“ за продолжување на соработката до 2025 година, а „сините“ од Лондон внимателно ја следат ситуацијата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дибала во последните неколку години покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, па Челзи е спремен да го „одврзе кесето“ за да го доенсе на „Стенфорд Бриџ“.

Аргентинецот оваа сезона нема одиграно ниту една минута, а пред неколку дена влезе во конфликт со директорот Фабио Паратичи, па преговорите за нов договор се искомплицираа.

Јувентус е спремен да го продаде Дибала во јануари ако пристигне добра понуда, а Челзи важи како фаворит за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…