Тимот на Јувентус вечерва стигна до втората победа во второто коло од Лигата на шампионите.
„Старата дама“ на домашен терен ја оправда фаворитската улога против швајцарскиот Јанг Бојс со победа од 3:0. Стрелец на сите три погодоци за клубот од Торино беше Аргентинецот, Паоло Дибала.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дибала постигна два погодоци во првиот дел и еден во вториот и со тоа беше најзаслужен за рутинската победа на својот клуб.
https://www.youtube.com/watch?v=Qoym1QEHweg
Со овие три погодоци Дибала стана четвртиот играч кој постигнал хет-трик за Јувентус во Лигата на шампионите. Пред него до ваков учинок стигнаа Алесандро Дел Пиеро, Пипо Изнаги и Артуро Видал.
Токму човекот од кого Дибала ја наследи легендарната „десетка“, Дел Пиеро вечерва му посака добредојде „во клубот“.
„Добредојде во клубот Паоло Дибала, ова се ноќи кои никогаш не се забораваат“, гласи твитот на легендарниот фудбалер на Јувентус.