Во текот на вчерашниот ден во јавноста се појави информација дека Лучијано Спалети може да го напушти Наполи поради конфликт со газдата Аурелио Де Лаурентис.
Првиот човек на Наполи сега се огласи во медиумите и порача дека секој има право на избор и слобода. Спалети две сезони го води Наполи, а сезонава на доминантен начин ја донесе титулата во Серија А на која овој тим чекаше 33 години.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неговиот договор има важност до 2025 година, но наводно Спалети бил незадоволен поради најавената распродажба на некои од најважните фудбалери.
„Шампионите како што е Лучијано мораат да најдат место каде што ќе се прикажат во најдобро светло, тој го најде своето место и тука функционира перфектно. Се надеваме дека во иднина така и ќе продолжи.
Секој во животот има слобода, таа е неприкосновена и никој не може да му ги скрати крилата, ниту јас некому, ниту некој мене. Најважно е да бидете благодарни затоа што ви го даваат“, порача Де Лаурентис кој сепак не кажа јасно какви се плановите и дали навистина Спалети може да замине.