Еден од најдобрите голмани во светот, Давид Де Геа наскоро ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.
Актуелниот договор на Шпанецот истекува по 18 месеци, а „црвените ѓаволи“ му понудија нов договор до 2021 година. Според новиот договор 27-годишниот голман ќе добива 220.000 фунти неделно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од друга страна пак шпанска „Марка“ тврди дека Манчестер Јунајтед независно од договорот веќе ја поставил цената на Де Геа која изнесува 100 милиони евра.
Познато е дека Де Геа е најголема трансфер желба на Реал Мадрид, па останува да видиме дали „кралевите“ се спремни да ја платат таа сума.