Дома Фудбал Лига на шампиони Де Брујне: Интер добро се брани, тоа не треба да не прави нервозни

Де Брујне: Интер добро се брани, тоа не треба да не прави нервозни

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне зборуваше пред утрешното финале во Лигата на шампиони.

Белгиецот не очекува отворен фудбал и многу шанси, но неговиот тим ќе направи се за да ја освои тројната круна, иако верува дека и тој успех нема да ги замолчи критичарите.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ако победиме во сабота, тогаш некои луѓе ќе кажат зошто не победивме против Саутемптон во Лига купот за четири титули. Тоа е начинот на кој се одвиваат работите. Ние се обидуваме да победиме на секој меч, но понекогаш не си доволно добар и понекогаш другиот тим е подобар од тебе. Мораме да го прифатиме тоа. Знам дека ако победиме некои луѓе нема да ни го дадат потребниот респект, но и тоа не ми пречи“, вели Де Брујне.

„Знаеме што е Интер. Играат 3-5-2 или 5-3-2 нормално, со двајца напаѓачи и пробиви по страничните позиции. Навистина добро се бранат, знаеме дека нема да биде тоа отворена игра. Треба да го разбереме ова и да не се нервираме брзо. На почетокот нема да има многу опции. Мора да ја играме нашата игра и да ги чекаме нашите шанси“, изјави Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…