На љубовната романса помеѓу тенисерот Хуан Мартин дел Потро и пејачката Химена Барон и дојде крај.
Раскинувањето на славниот пар е главна тема во медиумите во моментов и се појавуваат многу шпекулации за причините.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Последната информација која се појави во медиумите е дека таткото на тенисерот изнајмил детектив да ја следи Химена.
Меѓутоа таа и Дел Потро го негираа тоа и изјавија дека раскинувањето била заедничка одлука.
Химена позади себе веќе има еден брак со спортист, поточно со фудбалерот Пабло Освалдо.