Дома Фудбал Останато „Дејли Мејл“ направи состав на Југославија: Доминираат Хрватите и Србите, Македонци нема

„Дејли Мејл“ направи состав на Југославија: Доминираат Хрватите и Србите, Македонци нема

Британскиот „Дејли Мејл“ се позанимава со фудбалот на овие простори и направи еден хипотетчки состав на некогашната СФРЈ Југославија.

Покрај објавата за составот тие поставуваат и прашање дали овој тим би имал шанса да се бори за светско злато. Во составот немаше место за ниту еден Македонец, пополнет е со играчи од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и БиХ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Составот го направи новинарот Џонатан Роз и во него има дури четворица Срби (Тадиќ, Влаховиќ, Милинковиќ-Савиќ и Никола Миленковиќ), исто толку има и Хрвати (Модриќ, Гвардиол, Ковачиќ и Перишиќ), преостанатите три места се пополнети со Словенецот Јан Облак, Босанецот Един Џеко и Црногоресот Стефан Савиќ.

ТИМ НА ЈУГОСЛАВИЈА СПОРЕД „ДЕЈЛИ МЕЈЛ“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Томас Тухел откри како Англија ја совлада Србија: Сѐ очекувавме и без изненадувања!

Англија ја декласираше Србија со 5:0 на стадионот „Рајко Митиќ“ пред 40.000 гледачи. По ов…