За капитенот на Вардар Дејан Блажевски ова беше последна сезона во дресот на црвено-црните и популарниот “Шиле“ ја завршува својата активна играчка кариера.
Тој го носеше црвено-црниот дрес во два наврати на вкупно 155 натпревари на кои што постигна 45 голови и освои три шампионски титули во дресот на нашиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Засекогаш ќе биде запамтен како дел од генерацијата која што го направи најголемиот успех во историјата на клубот и се пласираше во групната фаза на Лигата на Европа.
„Шиле, во името на фудбалскиот клуб Вардар и на сите навивачи и симпатизери ти се заблагодаруваме за секој гол, за секоја асистенција и за секоја минута помината во светиот црвено-црн дрес.
Вистински капитен, секогаш пример за помладите позади себе оставаш многу убави спомени за идните вардарови генерации.
Се надеваме дека ќе уживаш во спортската пензија и воедно ти посакуваме многу успех во наредната функција која што ќе ја имаш во нашиот клуб.“, соопштија од Вардар.