Селекрторот на актуелниот светски шаммпион Дидие Дешамп е разочаран од изборот на ФИФА за тројцата фудбалери кои ќе се борат за наградата најдобар играч на годината.
Во потсен извор влегоа Лука Модриќ, Кристиано Роналдо и Мохамед Салах, а Дешамп е разочаран што нема ниту еден Французин меѓу финалистите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Јас сум разочаран. Нема да кажам дека не е фер, бидејќи тоа би значело дека другите тројца, кои се на листата, не го заслужуваат тоа. Напротив, тие го заслужуваат, но можам да кажам дека тоа важи и за Антоан Гризман и уште неколку француски играчи, кои исто така би можеле да бидат во листата“, изјави Дешамп.
„Се надевам дека нема да бидам обвинет за национален шовинизам. Но, ако го сметате нивното достигнување со националниот тим ова лето и што направиле во своите клубови, тоа го заслужуваат. Антоан ја освои Лига Европа, откако беше клучна фигура во финалето“, заклучи селекторот на „триколорите“ кој е меѓу тројцата финалисти за наградата тренер на годината.