Дома Фудбал Италија Детал поради кој Јувентус остана без победа: Погледнете го овој потег на Инзаги ?

Детал поради кој Јувентус остана без победа: Погледнете го овој потег на Инзаги ?

Фудбалерите на Лацио изминатиот викенд во Серија А ремизираа против Јувентус (1:1) во дербито од седмото коло во Серија А.

Јувентус поведе веќе во 15. минута кога Кристиано Роналдо постигна гол и изгледаше дека „старата дама“ со три бода ќе го напушти „Олимпико“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Но, во последните секунди Лацио дојде до бод, а херој беше Каиседо. Сепак, големи заслуги за овој гол покрај Кореа кој асистираше има и тренерот Симоне Инзаги.

Имено, при аутот кој го изведуваше Марушиќ Изнаги реагираше кога виде дека неговиот фудбалер сака да ја врати топката назад. Тој го турна напред и му покажа топката да ја фрли кон Кореа кој одлично се снајде и го пронајде Каиседо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Валверде е сè што фудбалер на Реал Мадрид треба да биде“

Има многу причини поради кои Манчестер Сити синоќа беше фаворит во првиот натпревар од осм…