Eкипата на Хувентуд ја победи Барселона во четвртфиналето од АЦВ лигата со 72:63 и така израмни на 1:1 и закажа „мајсторка“ која ќе решава кој ќе оди понатаму.
Хувентуд прикажа добра игра и водшее преку целиот натпревар, Барса само еднаш дојде до егал, па тимот на Димитријевиќ засужено се избори за разигрувањето за влез во полуфиналето.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мечот започна добро за Хувентуд, уште во првиот период водеше со двоцифрена разлика . На стартот гостите од Каталонија за првпат дојдоа до егал, меѓутоа домаќинот одговори со серија од 7:0. До крајот Барселона не успеа да посериозно да се доближи.
Димитријевиќ имаше добар настап и запиша десет поени и три скокови. Басас беше најдобар кај Барселона со 20 поени.