Дома Фудбал Останато Десет години подоцна Мурињо откри што му шепнал на Гвардиола во полуфиналето од ЛШ

Десет години подоцна Мурињо откри што му шепнал на Гвардиола во полуфиналето од ЛШ

На денешен ден во 2010 година Интер го победи Баерн Минхен и ја освои Лигата на шампионите, пред тоа „нероаѕурите“ го освоија Скудетото и Купот на Италија.

По овој повод Жозе Мурињо за „Газета дело Спорт“ се потсети на таа неверојатна сезона. Помеѓу другото Мурињо зборуваше и за полуфиналето во кое играа против Барселона. Интер во Шпанија на гости кај Каталонците отпатува со предност од 3:1. На почетокот од реваншот тимот на Мурињо се соочи со проблем затоа што по глумата на Бускетс исклучен беше Тијаго Мота.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во таа прилика Мурињо се доближи до Гвардиола и нешто му шепна додека тој му даваше инструкции на Ибрахимовиќ. Десет години подоцна Мурињо откри што му кажал на Пеп.

„Кога падна Бускетс, видов дека Пеп почна да слави на клупата. Веднаш го повика Ибрахимовиќ да му даде нови инстркуции за тоа како ќе играат 11 на 10. Јас дојдов до него и му кажав: Немојте да славите, натпреварот не завршил“, откри Жозе.

Интер откако остана со играч помалку се повлече и го чуваше својот гол. Барса постигна погодок преку Пике во финишот меѓутоа тој гол не беше доволен.

„Зборуваат дека сме играле многу дефанзивно. Ние победивме 3:1 во првиот натпревар и сигурно заслуживме да избереме како ќе играме во реваншот. Освен тоа Пандев се повреди на загревањето, требаше тој да стартува, но останавме без него. Требаше да играат Ето, Милито, Пандев и Снајдер, тоа не е дефанзивна формација“, објасни Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Детал од соблекувалната на ПСЖ покажа зошто Луис Енрике моментално е најдобриот тренер во светот

Луис Енрике се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако беше откриено…