Дома Останати Авто Мото Десетгодишник во Шпанија го загуби животот на тренинг за картинг трка

Десетгодишник во Шпанија го загуби животот на тренинг за картинг трка

Десетгодишното момче од Шпанија, Гонсало Басурто, викендов го загуби животот на тренингот пред трката во картинг шампионатот на Астурија. Информацијата ја потврди и шпанската Кралска федерација за мото-спорт.

Трагичниот настан се случил на кружната патека „Фернандо Алонсо“, кога момчето се судрило со друго картинг возило. Асошијетед прес пренесе дека по сударот, момчето останало под картингот, додека Федерацијата во соопштението не открива детали за инцидентот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Басурто веднаш бил хоспитализиран во болницата во градот Љанера, а потоа преместен во Централната универзитетска болница во Овиједо, каде им подлегнал на повредите.

Федeрацијата во своето соопштение наведува дека заедно со другите организации детално го истражува инцидентот. По повод трагичниот настан на Твитер се огласил и возачот во Формула 1, Фернадо Алонсо, по кого патеката го добила името.

„Се разбудив во мугрите на еден од најтажните денови. Скршен сум. Голема прегратка за семејството на Гонзало и за сите во картингот“, напишал Алонсо.

Патеката „Фернандо Алонсо“ во употреба е пуштена во 2015 година, по загинувањето на Гонзало Басурто трката на која требаше да учествува е откажана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Страшна трагедија: Автомобил влета во публика – седум лица загинаа, уште најмалку 20 се повредени 🎥

Вистински ужас се случил на трката на патеката „Фокс Хил“ во Шри Ланка каде што животот го…