Дома Фудбал Италија Дерби на денот: Лукаку и Конте доаѓаат да ги стишат свирежите во Милано

Дерби на денот: Лукаку и Конте доаѓаат да ги стишат свирежите во Милано

Денес има програмата е големото дерби во Серија А помеѓу Интер и Наполи, чиј исход може да го промени врвот на табелата и текот на остатокот на сезоната.

Ова дерби ќе има посебен „шмек“ и поради фактот што Ромелу Лукаку и Антонио Конте се враќаат на местото каде имаа голем успех во минатото.

Интер сака да се искачи на врвот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Интер е актуелен шампион на Италија и оваа сезона ја почнува како најголем фаворит за титулата, но ќе има тешка задача да ја одбрани. Конкуренцијата многу се засили и се чини дека Интер нема лесно да доминира оваа сезона.Сезоната ја почна колебливо и заостануваше зад лидерот Наполи, но во последно време игра се подобро и е во серија на победи како во Серија А така и во Лигата на шампиони. Со победа на овој меч ќе се искачи на врвот на табелата, а тоа ќе биде посебен мотив за тимот на Инзаги. Проблем може да биде неизвесниот настап на Бастони, кој е столб на одбраната, но голема предност е домашниот терен.

Може ли Наполи да го запре шампионот?

Наполи минатата сезона беше големо разочарување, па поради тоа ова лето се напрација драстични промени, а на кормилто пристигна Конте од кого многу се очекува. Наполи лошо ја стартуваше сезоната со пораз од Верона, но потоа беа донесени неколку големи засилувања, пред се Лукаку, па следуваа одлични резултати и тимот се искачи на лидерското место. Веднаш се гледа дека Наполи под водство на Конте е препороден и оваа сезона е фаворит од сенка за Скудетото. Не играат во Европа и тоа ќе биде голема предност бидејќи сета енергија ќе ја насочат кон Серија А.  Меѓутоа до сега и распоредот беше на нивна страна, па минатото коло доживеаа висок пораз на домашен терен против Аталанта. Поради тоа овој дуел уште повеќе добива на тежина бидејќи со пораз ќе го загубат лидерското место.

Очекување

Дуелите на овие два тима се секогаш неизвесни и полни со изненадувања, но пон традиција се богати со голови, па веруваме дека така ќе биде и овој пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сити спреми 100-милионски план за Халанд

Останувањето на Пеп Гвардиола барем уште една година на „Етихад“ му дава надеж на Манчесте…