Утре со почеток во 15:30 часот во рамките од 1/8 финалето на македонскиот куп ќе се сретнат екипите на Вардар и Шкендија.
Од Вардар соопштија дека за овој натпревар ќе бидат отворени само западната и јужната трибина како и дека натпреварот ќе се игра без присуство на гостински навивачи.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Фудбалскиот клуб Вардар ви соопштува неколку информации поврзани со утрешниот натпревар од 1/8 финалето од Купот на Македонија со Шкендија, кој ќе се игра на Националната Арена „Тодор Проески“.
Натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, и од тука нема да биде дозволено присуство на гостински симпатизери.
За овој меч ќе бидат отворени само јужната и западната трибина, додека источната ќе биде затворена, а на северната ќе присуствуваат само службените лица.
Билети ќе се купуваат на билетарницата на Националната Арена, и за секој купен билет, ќе мора да биде приложен документ за идентификација.
ФК Вардар уште еднаш апелира на сите кои ќе дојдат на стадионот за фер и коректно навивање, без извици на национализам и расизам, и без фрлања на предмети на теренот. Дајте му поддршка на нашиот тим да стигне до добар резултат од ова дерби, и да ја продолжи победничката серија и во Купот“, стои во соопштението од ФК Вардар објавено пред овој натпревар.