Дома Топ вести Дембеле не е во игра, откриено кои двајца играчи ќе бидат вклучени во враќањето на Нејмар

Дембеле не е во игра, откриено кои двајца играчи ќе бидат вклучени во враќањето на Нејмар

Денес скоро сите познати светски медиуми објавија дека Барселона и ПСЖ постигнале договор за Нејмар.

Помеѓу оние што објави дека работата се завршена беше и познатиот новинар Џанлука Ди Марцио кој е во добри односи со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо и поради тоа се верува дека работата е завршена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што спомеавме се објави дека постигнат е договор, но не се изнесуваа повеќе детали.

Сега се открива за каков договор станува збор. Според информациите во Париз како замена за Нејмар ќе бидат испратени Иван Ракитиќ и Жан Клер Тодибо.

Покрај овие двајца веројатно ПСЖ ќе добие и пари, а се претпоставува дека тоа ќе биде 100 милиони евра. Како што се тврди, трансферот на Нејмар би требало вечерва или во текот на утрешниот ден да биде потврден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…