Дома Фудбал Останато Демант на Абидал: Мојот црн дроб не е набавен на нелегален начин

Демант на Абидал: Мојот црн дроб не е набавен на нелегален начин

abidal

Поранешнито фудбалер на Барселона и француската репрезентацијата излезе со демант на веста дкеа неговиот црн дроб бил набавен на нелегален начин.

Голем дел од светските медиуми денес ја објавија информацијата дека Ерик Абидал во моментите кога се борел со ракот во 2012 година, потребниот орган го добил преку нелегален пат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Французинот ваквите информации ги демантираше преку својот Твитер профил.

„Се чуствувам присилен да ја соопштам мојата тага за вестите кои денес се појавија за наводно илегално набавениот црн дроб. Од почитување кон моето семејство, медицинскиот тим и сите оние кои доживеале слична ситуација, искрено би се извинил ако во некој момент постоеле било какви сомнежи. Мојот роднина Жерар го донираше црниот дроб за мене и на тоа сум му неизмерно благодарен. Постојат процедури и правила кои се следени во секој момент, имам документација која е достапна за било кој од вас“, гласеше соопштението од Абидал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мадуеке како дефанзивец на Лестер: Го спречи Палмер да погоди на празен гол! 🎥

Екипата на Челси денеска игра натпревар против Лестер во Премиер лигата, а по десетина мин…