Дома Фудбал Лига на шампиони Дел Пјеро: Макс се врати старото правило – ако не примиш гол си поблиску до победа!

Дел Пјеро: Макс се врати старото правило – ако не примиш гол си поблиску до победа!

После лошиот старт на сезоната Алегри почна да ги средува работите, а Јувентус почнува да заличува на својот стил на игра со малку примени голови.

Во последните осум натпревари во сите натпреварувања Јувентус има седум победи и едно реми (против Милан). Освен треба да се истакне дека последните четири ги доби со 1:0. Со тој резултат тимот на Алегри славеше и вчера против Зенит.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро посочи дека „старата дама“ се вратила на старото правило, а тоа е добрата одбрана.

„Јувентус и тоа како се рехабилитираше, подобри се во сите аспекти. Макс се врати на доброто старо правило – ако не примиш гол си поблиску до победата! Тоа правило е многу важно. Порано или подоцна веројатно ќе постигнете гол, ако сте добри во одбраната полесно се победува“, изјави Дел Пјеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бернардо Силва донесе одлука, го напушта Сити

Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити по истекот на договорот следното лето, а за не…