Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро, смета дека главната причина за падот на италијанскиот фудбал е аферата „Калчополи“ која пред 11 години ја потресе Италија.
Тогаш Јувентус поради учество во наместени натпревари беше исфрлен во Серија Б, додека Лацио, Милан и Фиорентина беа казнети до одземање на бодови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа беше како атомска бомба, нашиот фудбал беше скршен. Не зборувам само за Јувентус, големите играчи си заминаа од Италија, а фудбалот во нашата земја започна да оди во надолна линија“, изјави Дел Пиеро за „Газета Дело Спорт“.
Дел Пиеро потоа ја прокоментира ситуацијата во Премиер лигата.
„Англиската Премиер лига експлодираше благодарение на тоа што успеа да го продаде својот бренд ширум светот, а голем дел од парите тие ги добиваат од телевизиските права“, зборуваше Дел Пиеро.
Јувентус таа 2006 година ја освои шампионската титула, но подоцна истата му беше одземена, истото лето Италија стана и светски шампион. Приматот по „Калчополи“ го превзема Интер, а од 2011 започна доминацијата на „старата дама“ која сеуште не е прекината.
„Реал и Барса исто така напредуваа, Германците продолжија да одат по патот по кој тргнаа, а странските инвеститори влегоа во клубови како ПСЖ и Монако. Од друга страна после падот на италијанскиот фудбал, Јувентус започна да се враќа, а исто така и Наполи е на добар пат“, заклучи Дел Пиеро.