Горан Пандев е вистинска легенда, не само кај нас туку и во Италија. Од кога дојде во 2001 од Беласица во младинскиот тим на Интер започна да испишува историја.
Како и што самиот Пандев често пати кажал, Делио Роси е еден од неговите најважни тренери во кариерата. Сега токму тој зборуваше за македонскиот капитен во италијанските медиуми и за него Пандев е многу потценет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секогаш кога зборувам за Горан ми е многу драго затоа што јас го гледав како расте, јас бев тој што го натера да игра за Лацио кој ни го дадоа како вишок во замена за Дејан Станковиќ. Во тоа дете јаас видов дека има огромна вредност и квалитет. Кога ја освои „триплетата“ со Интер посебно ме воодушеви, а денес покажува дека е многу важен во Џенова, но е и многу потценет“, изјави Делио Роси.