Футсал репрезентацијата на Македонија во последното коло во натпреварот против Романија загуби катастрофално со резултат 9:1.
Како што може да се заклучи и од резултатот мечот помина во целосна доминација на Романија, Македонија настапи без стандардните репрезентативци со оглед дека натпреварот немаше некое резултатско значење.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Романија ги постигнаа: Филипе Оливеира (3), Рибеиро (2), Валарадеш (2), по еднаш во листата на стрелци се запишаа Фереира и Шоч. Стрелец на голот за Македонија беше Петровиќ.
Македонија групата ја заврши без победа со две нерешени и четири порази на последната позиција. За Романците кои се пред нас ова беше прв триумф. На првите две позициции се Босна и Србија.