Дома Фудбал Англија Две фотографии кои покажуваат што Манчестер Сити направи од Премиер лигата

Две фотографии кои покажуваат што Манчестер Сити направи од Премиер лигата

Манчестер Сити под водство на Пеп Гвардиола оваа сезона во Премиер лигата прави досега невидени работи во најсилниот ранг на англискиот фудбал.

За Премиер лигата долго време беше врзан епитетот најинтересна и најнеизвесна лига од сите 5 најсилни европски лиги, но оваа сезона гледаме апсолутна доминација на еден клуб кој освои 58 бода од можни 60, што во останатите големи лиги не го направија ниту Баерн, ниту ПСЖ, ниту Барселона или Реал Мадрид, а да не зборуваме за Јувентус.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Дека Премиер лигата оваа сезона се претвори во, буквално, игра на мачка и глушец најдобро покажуваат две фотографии. Првата датира од почетокот на 2017. година кога по завршеното 20. коло во Премиер лигата за сезоната 2016/17, а можеме да видиме дека тогашниот лидер Челзи имаше 49 бода. Најблиску до Челзи беше Ливерпул кој имаше само минус пет бода, беше на +7 во однос на Тотенхем и Манчестер Сити, а осум бода пред петопласираниот Арсенал.

Можеби некој ќе се сети дека во ова време минатата сезона се зборуваше за доминацијата на Челзи и за тоа како „Сините“ се незапирливи. Се испостави дека до титулата дојдоја без големи проблеми, но што да се каже за ситуацијата од оваа сезона.

Исто така, по 20 кола, на првото место се наоѓа клубот кој освои нереални 58 бода и кој од својот прв конкурент има предност од огромни 15 бода. Интересно, Арсенал и оваа сезона е петопласиран на табелата по 20 кола, со тоа што зад лидерот заостанува не осум, туку 21 бод.

Освен тоа, минатогодишниот лидер Челзи по 20 кола имаше гол разлика +27 и 42 дадени гола, а Сити оваа сезона постигна 61 гол со гол разлика од +49. Разликата е голема.

Манчестер Сити е во серија од 18 последователни победи во Премиер лигата и по тоа веќе сруши рекорд, но се поставува прашањето кои се крајните цели на овој клуб во продолжението на сезоната. Доколку вака продолжат, „Граѓаните“ би можече да го повторат успехот на Арсенал од сезоната 2003/04. и да ја завршат сезоната без пораз, дури и со многу повеќе освоени бода во однос на Арсенал таа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма…