Дома Македонски спорт Два клуба од Италија и два од Шпанија го сакаат Барди!

Два клуба од Италија и два од Шпанија го сакаат Барди!

Два клуба од Италија и два од Шпанија наводно покажале интерес за македонскиот репрезентативец Енис Барди да го доведат ова зимо.

Барди не ги исполни очекувањата во турскиот шампион Трабзонспор и турските медиуми пишуваа дека клубот му соопштил да си бара нова дестинација. За заинтересираните клубови не се открива многу, но се наведува дека еден од калчолигашите е Торино.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Информациите се дека Трабзонспор сака да го продаде Барди, меѓутоа бара повеќе од три милиони колку што летоска тие му платија на Леванте да го доведат.

Информациите се дека Трабзонспор сака и да го растерети буџетот за плати за да доведе нови засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…