Дома Луд Спорт Да фрчат шамари: Руски „Национален натпревар во шамарење“ (видео)

Да фрчат шамари: Руски „Национален натпревар во шамарење“ (видео)

Во Москва се одржа еден од најбизарните шампионати за кои сте чуле, натпреварот во „Национално шамарање“. На крај беше крунисан и „крал на шамарите“.

Натпреварот се одржа во почетокот на мај, како дел од меѓународниот фестивал „Саричев пауер експо“ во Москва.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Светскиот рекордер Кирил Саричев го организираше настанот во московскиот парк Соколники, каде што привлече десетици бодибилдери и кревачи на огромни тегови, кои беа спремни да се шлапаат по лице за прилично мала парична награда.

Натпреварот се состоеше од неколку елиминациски круга, при што двајца играчи се удираа по лице со раширена дланка додека еден од нив да се предаде.

На натпреварувачите им беше дозволено да се натпреваруваат откако ги поминаа медицинските контроли и се покажа дека се доволно силни и здрави за да учествуваат на еден брутален спортски фестивал.

A post shared by @eg.ru2018 on

Јуриј Кузмин од Нижни Новгород се покажа како најупорен и најиздржлив учесник, кој ги натшамара сите свои ривали, го зазеде првото место и освои парична награда од 25.000 рубли (400 долари).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Дани Алвеш може да биде ослободен за неколку дена

Поранешниот фудбалер Дани Алвеш, неодамна беше неправосилно осуден на четири и пол години …