Дома Фудбал Италија Даниел Малдини по голот: Не знаев дека и татко ми постигнал гол против Интер

Даниел Малдини по голот: Не знаев дека и татко ми постигнал гол против Интер

Mладиот 21-годишен Даниел Малдини кој е син на легендарниот Паоло Малдини вчера постигна гол и така даде допринос во големата победа на неговиот тим против „нероаѕурите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Синот на Малдини е под договор со Милан, а во Специја настапува како позајмен фудбалер. Вчера во натпреварот влезе од клупата за резерви и постигна гол за 1:0, Специја на крајот славеше победа со 2:1.

Во 1994 година, неговиот татко Паоло Малдини исто така му даде гол на Интер.

„Не знаев за ова. Но тоа не ми менува многу, најважно беше што денес победивме и ги освоивме бодовите. Чекав да постигнам гол и среќен сум што се случи против силен тим, ќе уживаме во овој триумф“, изјави синот на легендата на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотенхем не губи време: договори уште еден дефанзивец од Премиер лигата

Тотенхем постигна договор со колегите од Брајтон за дефанзивецот Јаан Пол ван Хеке, пренес…