Mладиот 21-годишен Даниел Малдини кој е син на легендарниот Паоло Малдини вчера постигна гол и така даде допринос во големата победа на неговиот тим против „нероаѕурите“.
Синот на Малдини е под договор со Милан, а во Специја настапува како позајмен фудбалер. Вчера во натпреварот влезе од клупата за резерви и постигна гол за 1:0, Специја на крајот славеше победа со 2:1.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Во 1994 година, неговиот татко Паоло Малдини исто така му даде гол на Интер.
„Не знаев за ова. Но тоа не ми менува многу, најважно беше што денес победивме и ги освоивме бодовите. Чекав да постигнам гол и среќен сум што се случи против силен тим, ќе уживаме во овој триумф“, изјави синот на легендата на Милан.