Дома Трансфер зона Дали Џастин ќе го изневери татко си и ќе потпише за Реал?

Дали Џастин ќе го изневери татко си и ќе потпише за Реал?

Синот на легендарниот холандски напаѓач Патрик Клајверт, Џастин го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Младиот и талентиран напаѓач игра во Ајакс и експертите му предвидуваат блескава кариера. За неговиот потпис интерес покажуваат неколку европски гиганти меѓу кои и Реал Мадрид.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Англија ме привлекува. Арсенал, Тотенхем, Јунајтед и Челзи се одлични клубови и не би имал ништо против да заиграм во еден од нив“, изјави младиот Клајверт.

„Каде и да одам надвор од Холандија сите го познаваат мојот татко. Тој сака да одам во Барселона, а не во Реал Мадрид“, откри Џастин.

Во 18 натпревари оваа сезона во холандското првенство Клајверт постигна 6 гола, а силен интерес за него покажува токму Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…