Дома Фудбал Дали судиите му помагаат на Реал? Еве што мисли Зидан!

Дали судиите му помагаат на Реал? Еве што мисли Зидан!

Реал Мадрид се спрема за натпреварот против Лас Палмас кој на програмата е утре на „Сантиаго Бернабеу“ во рамките на 25-то коло од Примера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралевите“ минатото коло го совладаа Виљареал во еден контроверзен натпревар кој го одбележија неколку судиски грешки.

После тој натпревар во Шпанија се покрена полемика дека Реал Мадрид е подпомогнат од судиите, па денес Зидан одговори на таквите обвинувања.

„Секој може да каже што сака, но тоа не е вистина. Се што постигнавме до сега беше на терен и ако треба да полемизираме, ние тоа ќе го направиме на тревникот. Исто така сакам да потенцирам дека сум горд на своите играчи, кои секогаш ги почитуваат судиите. Реал Мадрид секогаш бил професионален и имал респект кон сите и тоа така ќе остане“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …