Дома Фудбал Останато Дали Перез зборува за првото засилување: Можеби Зидан ќе ни помогне!?

Дали Перез зборува за првото засилување: Можеби Зидан ќе ни помогне!?

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез беше многу отворен кон медиумите по вчерашната пресконференција на која беше претставен Зинедин Зидан.

Францускиот стратег се врати во Мадрид по девет месеци пауза, а по официјалното претставување, новинарите имаа голем број на прашања за Перез. Се разбира, неизбежно беше она за Килијан Мбапе. Перез даде многу интересен одговор.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Зидан е Французин, па тој би можел да направи нешто околу Мбапе, зарем не? Сега сакаме да ја завршиме сезоната на најдобар начин и да се подготвиме за следната“.

По тоа, следуваше прашање за тоа дали клубот ќе го доведе Нејмар, а на Перез тие шпекулации веројатно му здодеале па одговори на хумористичен начин: „Ќе ги донесеме и двајцата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Венгер откри кога ќе се одржува следното Светско клупско првенство

Според легендарниот тренер, новото натпреварување е полн погодок. Раководителот на глобалн…