Дома Останати Кошарка НБА Дали оваа одлука е „грабеж“ за Лука Дончиќ?

Дали оваа одлука е „грабеж“ за Лука Дончиќ?

Кошаркарот кој е вистински хит во НБА лигата оваа сезоната и супер освежување, Лука Дончиќ нема да биде дел од стартната петорка на Западната конференција на претстојниот Ол-Стар натпревар.

Ол-Стар натпреварот ќе биде одржан во Шарлот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Дончиќ од страна љубителите на кошарката од целиот свет доби над четири милиони гласови.

Сепак, на крајот одлучи гласањето на играчите и новинарите, а тука Словенецот ја немаше потребната поддршка.

Од нив Дончиќ доби само 43 гласа и заврши на осмата позиција, тоа не беше доволно за место во почетната петорка.

Леброн Џејмс во своето прво учество за екипата на Запад ќе биде капитен, а во стартните пет покрај него се и Стеф Кари, Џејмс Харден, Кевин Дурент и Пол Џорџ.

Во Источната конференција, пак, Јанис Адетокумбо ќе ја носи капитенската лента, а на паркетот ќе истрчаат покрај него ќе истрчаат Кајри Ирвин, Кемба Вокер, Кавај Леард и Џоел Ембид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…