Вчера во Ријад се одигра натпреварот помеѓу Ал Наср и Интер Мајами кој заврши со убедлива победа на саудискиот клуб од 6:0.
Кристијано Роналдо не настапи во овој натпревар поради ситна повреда како што информираше Ал Наср пред натпревар. Лионел Меси беше во протоколот и во игра влезе во финишот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Токму во моментот кога влегуваше во игра Меси можеби го доживеа и најголемото понижување во кариерата бидејќи на семафорот веќе стоеше 6:0. Сепак, јасно е дека Меси мораше да се појави на теренот поради гледачите на трибините и платените пари за овој натпревар од пријателски карактер.