Фудбалерите на Арсенал, без најголемата ѕвезда Алексис Санчез, отпатуваа на 14-дневна турнеја во Астралија и Кина, објави лондонскиот клуб на својата интернет страница.
Покрај Чилеанецот, турнејата по Австралија и Кина ќе ја пропушти и германскиот репрезентативец Шкодран Мустафи. Овие двајца од клубот добиле продолжен одмор поради настапот на Купот на Конфедерации.
Овие двајца фудбалери добија одмор поради настапот на Купот на кофедерации, но медиумите го толкуваат и како знак дека Санчез ќе го напушти клубот.
Екипата на Арсен Венгер на турнејата ќе гостува во Сиднеј, Шангај и Пекинг и ќе одигра четири пријателски натпревари.
Арсенал на 13.јули ќе игра против Сиднеј, два дена подоцна ги очекува дуел со Сиднеј Вондерерс, на 19.јули ќе играат со минхенски Баерн, а турнејата ќе ја завршат на 22.јули против Челзи.