Хрватскиот фудбалски сојуз ја продолжи соработката со сегашниот селектор на репрезентацијата, Златко Далиќ на уште четири години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Така, овој стратег ќе ја води репрезентацијата и во походите на Европското 2020. и Мундијалот 2022. година. На Далиќ му беше доделена лојалност со оглед на тоа што одлично ја води Хрватска на овој Мундијал во Русија, каде што во четвртфиналето го очекува дуел против домаќинот.
Хрватска под водство на Далиќ ги има победено сите натпревари до сега на Мундијалот и се смета за еден од најголемите фаворити на овој турнир. Хрватските медиуми пишуваат дека Далиќ ќе добие договор без оглед на тоа каков ќе биде исходот од тој натпревар во четвртфиналето.