Дома Останати Кошарка НБА Далас сака да го патентира прекарот на Дончиќ кој е ист како на фудбалската ѕвезда од ПСЖ (ФОТО)

Далас сака да го патентира прекарот на Дончиќ кој е ист како на фудбалската ѕвезда од ПСЖ (ФОТО)

dalas

Лука Дончиќ оваа сезона е најголемото откритие во НБА, а со своите настапи во дресот на Далас Маверикс љубителите на кошарката ги остава без текст.

Дончиќ беше трет пик на минатогодишниот НБА драфт од страна на Атланта, но во трејд премина во Далас. Тоа беше одличен потег за Словенецот кој со своите настапи ја воодушеви американската јавност.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој веќе сега е еден од најпопуларните кошаркари во Америка, а тоа најдобро го покажува фактот што Далас сака да го заштити неговиот прекар „Матадор“. Тие веќе поднеле барање и веројатно ќе добијат одобрување.

Во тој случај Далас ќе биде сопственик на прекарот на Дончиќ и во случај Словенецот да ги напушти Маверикс идниот клуб на Дончиќ не ќе може да го користи тој прекар без одобрување од Далас.

Интересно е што ваков прекар во фудбалскиот свет носи напаѓачот на Пари Сен Жермен, Едисон Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Проблем за Далас, се повреди Дончиќ

Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ се здоби со повреда на зглобот на десната рака, објавија та…