Легендата на Реал Мадрид Хозе Марија Гутиерез го коментираше поразот на Барселона во Лигата на шампионите.
Баварците ја разбија Барселона со 3:0 на „Камп Ноу“, а Гути признава дека ужива да ги гледа поразите на големиот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Уживам во поразите на Барселона затоа што јас сум навивач на Реал Мадрид, Баерн е навистина добар тим со фантастични играчи на сите позиции, а од друга страна ја имаа очајната Барселона во овој момент. За мене резултатот не е изненадување, повеќе сум изненаден од начинот на кој играше Барселона“.
Го коментираше потоа Гути и стартот на сезоната на Реал Мадрид.
„Офанзивно ми изгледаат навистина добро, малку проблеми има во дефанзивата и таму работите треба да се поправат, посебно во натпреварите со посилни тимови“, изјави Гути.
Гути дресот на Реал го носеше од 1999 до 2010 година и во тој период одигра 542 натпревари и постигна 77 голови, освои се што можеше да се освои.