Tимот на Вардар го потврди големото засилување – во Скопје пристигнува Едуардо Гурбиндо!
Големото засилување Вардар го потврди утрово.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Десниот бек на шпанската репрезентација и член на француски Нант, Едуардо Гурбиндо (33) е нов играч на Вардар1961. Двојниот европски првак и повеќекратен македонски шампион договори засилување што ќе му се приклучи на тимот од летово и треба да остане во Скопје во следните три сезони. Гурбиндо доаѓа од екипата на Нант, Франција со која настапува во Лигата на шампионите.
За официјалниот сајт на клубот Гурбиндо зборуваше за одлуката да го избере Вардар.
“Видов дека има интерес од клубот за мене, и тоа беше еден клучен момент. Јас сум во Франција веќе 5 години и мислам дека е време за промена. Секогаш барам нов предизвик, нови цели, нешто ново да се научи. Мислам дека е ова добра шанса да се дојде во клуб како Вардар, и ќе останам тука три години доволно време да се вклопам во тимот и да постигнеме резултати. Знам дека и претседателот е амбициозен, тој ми кажа дека сака да победува. И јас сум ист менталитет, секогаш сакам да победувам на секој меч. Тоа ќе биде добар предизвик за мене.
Исто така и мојата сопруга е од Македонија и ова е шанса да се научи јазикот за во иднина. Мислам дека ова е добра, но и комплетна одлука. Не само за мене, туку и за семејството. Мислам дека добро ќе се снајдеме во Скопје
„Одлуката беше целосно моја, се разбира заедно со семејството. Не ми требаше ништо повеќе да знам за Вардар и Скопје. Не само за екипата, туку и за градот и земјата. Знам се што треба да знам за Вардар, од услови, од сала, град.. Тоа ми беше сосема доволно“, објасни Гурбиндо.
Гурбиндо доаѓа во Вардар во време кога клубот се засилува.
„Не ја знам целосно екипата за в година, но знам дека се создава силен тим. Затоа и бев среќен. Претседателот е амбициозен, и јас сум. Следната сезона треба да биде добра. Секако ќе ми треба малку време да се приспособам на екипата, на јазикот, но сум убеден дека таа адаптација ќе биде кратка и се ќе биде добро“.
Со Вардар има големи амбиции.
„Секогаш велам дека е компликувано да се зборува за во иднина, но сакам да играм за да победувам. Мојата прва цел е да бидат со тимот, а потоа да ги потврдам и да ги подобрам моите перформанси. Се надевам дека ќе успеам во тоа. Секако дека сакам да бидеме и на Ф4. Мојата замисла за во иднина е секако тоа. Сигурно ќе ми помогне тоа што во Вардар веќе имаше еден систем на кој и ја сум навикнат. Гледав и некои натпревари, но секако треба да разговарам со тренерот да видам како тоа се функционира. Потоа и со играчите, тие ќе бидат мои соиграчи. Не се плашам од било каква новост, прифаќам секаков предизвик. Сигурно ќе се адаптирам на се што ме очекува тука, и со нетрпение очекувам да почнам, вели Гурбиндо.