
На последната трка во Ф1 во Бахреин се случи вистински хаос во кој болидот на Роман Грожан заврши во оградата и се запали.
Сцената на патеката во тие моменти навистина беше застрашувачка, за среќа Грожан помина само со изгореници на рацете. Сега тој за медиумите зборуваше за тие моменти.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Се сетив на многу работи, но и на Ники Лаудa, си помислив: Нема шанси да завршам вака! Поради моите деца си кажав дека морам да излезам. Ги ставив рацете во оган и ги изгорев. Бев повеќе исплашен за моите пријатели и семејство, како и за моите деца кои се мој извор на гордост. Среќен сум што денес сум жив. Имам потреба да се вратам во визолото, ако е можно веќе во Абу Даби. Ова е како повторно да сум се родил, дефинитивно тој ден ќе остави трага во мојот живот“, изјави Грожан.