Дома Трансфер зона Гризман најави: Еден ден би играл во Германија

Гризман најави: Еден ден би играл во Германија

Ѕвездата на Атлетико Мадрид и француската репрезентација, Антоан Гризман изјави дека еден ден би можел да игра во Бундеслигата.

Неговиот Атлетико минатото коло во ЛШ загуби од лидерот во Бундеслигата, Борусија Дортмунд со високи 4:0.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во Бундеслигата се игра многу напаѓачки. Лигата е привлечна, со многу голови и Дортмунд е типичен претставник. Веројатно еден ден ќе играм во Германија, но во моментов се чувствувам одлично во Атлетико Мадрид. Овој клуб има прекрасен проект во кој јас верувам 100%“, изјави Гризман.

„Јорганџиите“ денес ќе ја пречекаат Борусија Дортмунд и ќе имаат шанса да и се одмаздат за високиот пораз од пред две недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…