Дома Фудбал Останато „Го побарав дресот на Роналдо, а тој не ме ни погледна, се почувствува презир“

„Го побарав дресот на Роналдо, а тој не ме ни погледна, се почувствува презир“

Aл Наср изгуби во полуфиналето од Купот на Саудиска Арабија со 1:0 од Ал Вехда, а тоа значеше дека славниот Португалецот веројатно ќе остане без трофеј во првата сезона во Саудиска Арабија.

Претходно, Ал Наср испадна од Суперкупот, додека во првенството Ал Итихад на врвот на табелата има три бода повеќе и натпревар помалку.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Полуфиналето во купот го одлучи голот на Жан-Давид Багуел кој погоди во 23-тата минута.  Херојот на Ал Вехда по натпреваррот сакал и да го размени дресот со Роналдо, но Португалецот не бил расположен за такво нешто.

„Малку бев разочаран. По натпреварот му кажав дека сум енгов голем фан и му го побарав дресот. Ми пружи рака, не ме ни погледна, се чувствуваше презир во воздухот. Растев гледајќи го него и неговите голови, знам дека беше разочаран поради поразот, но тој став ме изненади. Дури и на теренот вознемирено викаше по соиграите“, изјави Багуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер продаде на Аталанта играч кој го купи ова лето

Екипите на Интер и Аталанта постигнаа договор за трансферот на левиот бек Никола Залевски …