Барселона во викендот кој е зад нас го совлада Рајо Ваљекано со 3:1 во рамките од 27-то коло во Ла Лига.
Лионел Меси на овој натпревар дојде до својот 26-ти првенствен гол оваа сезона и тоа со удар од белата точка. Меѓутоа одличниот Аргентинец направи и потег за пофалба кој нема врска со неговата фудбалска уметност која никој не ја доведува во прашање.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Меси фудбалскиот свет го воодушеви со еден голем фер плеј потег.
Меси изгуби рамнотежа во казнетиот простор на Рајо и после малиот дуел со противничкиот играч падна на тревникот. Во таа ситуација неговите соиграчи сметаа дека има контакт доволен за најстрога казна.
Арбитрот побара помош од ВАР собата, но тогаш самиот Меси дојде до него и му кажа дека немало пенал и дека не паднал поради прекршок од противничкиот играч, туку само изгубил рамнотежа.
Lionel Messi has so much respect for the game of football. Here, he tells the referee there was no penalty. ?? pic.twitter.com/27Z3WOzLNo
— ???? (@MahaXVIII) March 11, 2019
Оваа ситуација многумина не ја забележаа и подоцна се појавија видеа и фотографии на социјалните мрежи, но сигурно дека е потег за кој Меси заслужува аплаузи.