Дома Останати Тенис Го елиминираше Ѓоковиќ на Индијан Велс, а сега во Мајами доживеа шокантна елиминација

Го елиминираше Ѓоковиќ на Индијан Велс, а сега во Мајами доживеа шокантна елиминација

Италијанецот Лука Нарди кој го изненади тенискиот свет со големата победа над Новак Ѓоковиќ во третото коло на Индијан Велс доживеа шокантна елиминација на турнирот во Мајами.

Нарди приреди сензација и неговата победа беше едно од најголемите изненадувања во светот на тенисот во последните години. Сепак, настапот го заврши веќе во следната рунда, а во Мајами беше далеку од сензација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, тој по победата над Ѓоковиќ сигурно со поголеми очекувања отпатува во Мајами, меѓутоа таму не стигна ниту до главната фаза. 20-годишниот тенисер беше елиминиран од Чехот Јакбу Меншик со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2).

Ќе потсетиме, Ѓоковиќ го откажа настапот во Мајами со цел да биде подобро подготвен за турнирите на земјена подлога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…