Дома Топ вести Готово: Позната одлуката на Мбапе!

Готово: Позната одлуката на Мбапе!

Килијан Мбапе ја донесе конечната одлука, а таа гласи – ќе потпише нов договор со Пари Сен Жермен!

Ваквиот епилог можеби е и изненадувачки затоа што Мбапе со недели и месеци на големо се поврзуваше со Реал Мадрид. Сепак, во последните недели имаше голем пресврт, а од повеќе извори штотуку беше потврдено дека Мбапе денеска ќе објави дека останува во Париз.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Џанлука Ди Марцио, еден од најсигурните извори, тврди дека Мбапе конечно решил да го одбие Реал Мадрид, но дека не се познати деталите од договорот со Пари Сен Жермен.

Се шпекулира дека Мбапе ќе добие огромна плата и бонус од 100 милиони евра за потпишување на нов договор. Исто така, би можел да има влијание и во засилувањата кои ќе пристигнуваат во Париз.

Ова е голем удар за Реал Мадрид, најмногу поради тоа што Флорентино Перез целата своја енергија и пари и планови ги вложи во Мбапе и го остави Ерлинг Халанд во Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…