Дома Трансфер зона Официјално: Ндомбеле е најскап играч во историјата на Тотенхем!

Официјално: Ндомбеле е најскап играч во историјата на Тотенхем!

Еден од играчите кој зад себе има одлична сезона е фудбалерот на Лион, Танги Ндомбеле, кој со своите игри го привлече интересот на многу клубови.

Ндомбеле од следната сезона ќе игра во Премиер лигата, откако денес официјално стана нов играч на Тотенхем и потпише договор до 2025 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


22-годишниот Французин утрово пристигна во Лондон, а откако успешно ги помина лекарските прегледи стана најскапиот фудбалер во историјата на Тотенхем.

„Спарси“ за неговите услуги му платија 60 милиони евра на Лион веднаш и дополнителни 10 милиони евра со различни бонуси.

Трансферот на Ндомбеле е најголемиот излезен трансфер од Франција, со што ќе биде срушен трансферот на Лаказет во Арсенал, кој беше платен 53 милиони евра.

Освен тоа, Тотенхем го сруши клупскиот рекорд за влезен трансфер кој е поставен кога Санчез од Ајакс пристигна за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити и Баерн сакаат да го „украдат“ талентот на Милан

„Бисерот“ Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со своја…